Дана Вајт: Само гледајте што ќе се случи во следните 5 години

Dana Vajt se cesa

Дана Вајт уште еднаш излезе со став за продажбата на УФЦ на WME-IMG во висина од 4 милијарди долари, истакнувајќи дека тоа ќе има само позитивен одраз за најпрестижната ММА организација на планетата.

Како што е познато, Вајт ќе ја задржи функцијата на претседател на компанијата, при што е уверен дека со новите сопственици и борците на УФЦ ќе добијат многу нови можности за себе.

„Во секоја една година од поседувањето на компанијата, плаќањето на борците ќе оди во нагорна линија. Мислам дека Ари Емануел и ИМГ ќе доноесат уште многу спонзори. Ќе има повеќе ТВ и можности за овие момци. Ќе продолжиме да го зголемуваме брендот УФЦ на глобално ниво и да го направиме спортот уште попопуларен. Се уште не сме свесни во однос на тоа колку голем може да биде овој спорт. Ари и неговиот тим го разбираат тоа. Мојот исто така. Јас сум подготвен“.

WME-IMG е една од најголемите агенции за управување со таленти во светот, а Дана Вајт беше запрашан дали смета дека сега борците на УФЦ ќе бидат сликa и прилика на големите поп ѕвезди.

„Апсолутно. Слушајте, кај мене има многу содржини. Архивата која ја имам од минатото, натпреварите во живо, можноста да правиме различни телевизиски шоуа, талентот кој го имам – располагам со 500 мажи и жени под договор, сите до еден талентирани луѓе. Ари ќе помогне да го издигнеме сето тоа на поголемо ниво. Ви велам – погледнете што сум изјавил пред 15 години и слушајте што ви велам сега: само внимавај она што ќе се случи во следните 5 години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО