Кубрат Пулев е еден од можните противници на Ентони Џошуа

kubrat pulev vo temnica

Промоторот Еди Херн потврди дека европскиот шампион Кубрат Пулев е меѓу можните следни ривали на Британецот Ентони Џошуа, кој е актуелен светски шампион во верзија ИБФ.

Неодамна поранешниот светски шампион Бирмејн Стиворн истакна дека напорно тренира за меч со Џошуа, но Еди Херн ги спомна и имињата на Кубрат Пулев и Џозеф Паркер како можни противници на Британецот.

Одбраната на титулата на Ентони Џошуа против Џозеф Паркер во јануари е задолжителна, но оваа средба може да се одржи и порано. Кубрат Пулев, пак, е сосема ново име на листата на можни противници на олимпискиот шампион од Лондон 2012.

За Скај спортс Хрен рече оти можноста Џошуа да се сретне со Кубрат Пулев била предмет на дискусија меѓу него и Кејл Зауерленд.

„Го оставив старецот (Бери Херн) да се јави на Дон Кинг, а тие зборуваа за старите времиња, но и разговараа за можноста Џошуа да се бори со Бирмејн Стиворн во ноември. Тој дефинитивно е опција, тоа би бил одличен натпревар за Џошуа. Иако е задолжителна, одбраната не е на дневен ред, можеме директно да одиме на Џозеф Паркер. Со Зауерленд се разговараше за можен меч со Кубрат Пулев“.

Еди Херн додаде дека следниот ривал на светскиот шампион Џошуа би требало да биде познат во следните неколку недели

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО