На Државното изборно првенство за јуниори и кадети кое се одржа во Неготино, Кик бокс клубот Гладијатор од Штип освои 5 златни медали и 2 сребрени.
Јована Арсова и Викторија Варадинова освоија по два златни медали во дисциплините лајт контакт и кик лајт, а. Јован Ѓошев е прв во кик лајт. Акан Адемов и Баже Главев освоија сребрени медали во кик лајт.
ВО КБК Гладијатор се задоволни од постигнатиот резултат и очекуваат добри резултати и на меѓународните првенста.
Ipon.mk/В.Д.