Питер Фјури: Усик е сериозна закана за Џошуа

Еден од најдобрите британски бокс тренери, Питер Фјури, го предупредува сонародникот Ентони Џошуа да биде внимателен со украинскиот боксер Александар Усик. Тие ќе се соочат на 25 септември на стадионот на Тотенхем во Лондон, бидејќи Британецот ќе ги заложи светските титули во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Усик е многу опасен“, рече Фјури во интервју за „Скај спорт“ и додаде: „Ова нема да биде прошетка во парк. Тој веќе се бореше во тешка категорија, ја додаде потребната тежина и се адаптира. Веќе и припаѓа на категоријата и претставува сериозна закана“.

Според стручњакот, Усик има многу талент и веќе е сериозен кандидат кај најтешкиот. Својот стил го опишува како недофатлив и остри контранапади „како жилет“.

„Има доволно сила да ја добие почитта на Џошуа. Добро удира за да предизвика сериозни штети“, рече Питер Фјури.

Џошуа (24-1) има само еден пораз во професионалниот ринг – против Енди Руиз, додека Усик е без пораз (18-0). Украинската ѕвезда ја напушти полесната категорија како апсолутен светски шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО