Питер Фјури му дава предност на Кличко во однос на Џошуа

Piter Fjuri i Klicko

Чичкото и тренерот на поранешниот светски шампион Тајсон Фјури, Питер Фјури, му дава предност на Владимир Кличко во мечот со Ентони Џошуа.

Украинецот за време на борбата со Британцот ќе има 41 година и ќе поминат 17 месеци од неговата борба со Фјури во која тој ја загуби титулата на светски шампион. Тогаш Кличко во Дизелдорф го доживеа својот прв пораз по повеќе од една деценија. До крајот на борбата едвај упати неколку удари и изгледаше како остарен борец.

Најголемата прашање за Питер Фјури е која верзија на Кличко ќе се појави на Вембли во битката со олимписки победник за ИБФ, ВБА и ИБО титулите во тешка категорија.

„Д-р Стилхамер“е далеку од најголемиот предизвик на Џошуа, на кого најголемите победи во професионалната кариера му се против Дилиен Вајт, Доминик Бризил и Чарлс Мартин, против кого го освои ИБФ појасот и кој се смета за највисока класа во боксот.

“Ова е клучен тест за Ентони Џошуа и ако го положи заслужува максимален респект. Ако Кличко е гладен, на висината на задачата и навистина ги сака тие појаси тоа ќе биде пеколна борба“.

„Му давам мала предност на Кличко поради неговото искуство, но прашање е дали навистина има желба повторно да го изложи своето тела на сето тоа, особено, ако се има предвид неактивноста откако го победи Тајсон. Се зависи од тоа каков Кличко се појави таа вечер, но ако го добиеме Кличко кој е 100 проценти подготвен, мислам дека Џошуа ќе има проблеми“, изјави тој за Скај спорт.

„Не знаеме што се случува во Кличковата глава, а на крајот се е во главата, зарем не? Едноставно, не знаеме дали Владимир ќе биде гладен за победи. Сега може да биде погладен од кога било, по толку голем застој би можел да се врати и заради парите, по уште една голема плата“.

„Скоро ќе има 41 година. Има ли уште желба во него? Тоа се прашањата на кои нема да ги знаеме одговорите до првиот удар на гонгот. А дали е Владимир веќе готов или не проблем на ЕЏ. Можете да се борите само со оној кој е пред вас, а Кличко несомнено ќе биде најголемиот тест за неговата кариера“.

Вреди да се потсети декаПитер Фјури му даде предност и на Чарлс Мартин пред борбата со Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО