Пинк Пантер скапо си ја продаде кожата, Радник го имаше најтешкиот противник (ФОТО)

Домашните боксери на Радник од Бјелина (БиХ) ги подигаа рацете на противниците од Пинк Пантер од Штип во рамките на второто коло на Регионалната боксерска лига, иако загубија со 12-4. Публиката срдечно алаудирала на боксерите од Штип, бидејќи никој до сега не ипружил таков отпор.

„По средбата, ни симнуваа капа домаќините. Единствена беше оценката на домашните – нашите боксери ги намачија домаќините. Истакнуваа дека нашите боксери досега пружиле најсилен отпор во последните години во Бјелина. Радник , иако тоа не го покажува резултатот, тешко дојде до победата. Имавме и хендикеп“, истакна претседателот, Илија Младеновски.

Претседателот на Пинк Пантер вели дека добро го почнале мечот.
„Александар Ристовски во категоријата до 56 килограми беше надмоќен во средбата со Захир Хоџиќ. Заслужено победи. Хоџиќ е учесник на светски и европски првенства. Во втората средба, Денис Муаремовски во најмала рака беше рамноправен. Противникот, по средбата, му честиташе на нашиот боксер. Публиката го награди со аплауз. Сметам дека Мухамед Кадриев, иако добро боксуваше, сепак, заслужено беше поразен. Во категоријата до 69 килограми нашиот боксер Дејан Ристевски прикажа одличен бокс, во се беше подобар до домаќинот. Но, еден недозволен удар на домашниот боксер судиите го превидоа. На видеото добро се гледа каков беше тој неправилен удар кој не е дозволен- низок. Нашиот боксер беше повреден. Наместо судиите да го дискфаликуваат домашниот боксер, тие го прогласија за победник во втората рунда.. Се жалевме на оваа одземена победа“, обајснува Младоновски.

Во категоријата до 75 килограми , домашниот боксер Радмило Томиќ се сретна со Гоце Јанески.

„Нашиот боксер уште еднаш ги потврди своите квалитети. Со неколку прецизни удари го разниша домашниот боксер. Јанески сите три рунди ги боксуваше одлично. На крајот доби заслужен аплауз од публиката. Две средби во Рагионалната лига- две победи на Гоце Јанески. Тој е се подобар. Голема придобивка и за него е оваа Лига, бидејќи има силни противници. Од Јаневски и понатаму очекуваме добри резултати“, потенцира Младеновски.

Во категоријата до 81 килограм требаше да настапи Никола Арсов, но до средбата не дојде.

„Во текот на целиот пат до Бјелина, Арсов имаше стомачен вирус, повраќаше. Лекарите не му диозволија да настапи, а и ние самите вуидовме дека тој не е способен за настап. Така, ја предадовме оваа средба. Во категоријата до 91 килограм Марко Доциќ имаше силен противник и заслужено беше поразен. Во најтешката категорија над 91 килограм, нашиоот боксер Димитар Ташков одлично боксираше две рунди, беше рамноправен. Со противникот разменија многу удари. Во третата рунда, Ташков немаше сили да ја продолжи, бидејќи долго време отсуствувше од рингот. Подобро беше да ја предадеме оваа борба. Тоа го направи неговиоот тренер, Ристе Грбев“, рече Младеновски.

Без разлика на поразите во првите две кола, Илија Младеновски верува дека неговата екипа ќе постигнува и победи во Регионалната лига.

„Имавме тежок распоред. Сите екипи работат професионално и боксерите работат во тој стил. Ние се обидуваме да им парираме. Иако загубивме во првите две кола, не сум разочаран. Во третото коло, по една недела, ни гостува најдобрата екипа, Сесвете од Загреб. Потоа, имаме средби со полесни противници, на хартија. Можеме да победуваме.Ја следевме по пат средбата во Бања Лука меѓу Славија-Лозница. Победија гостите со 12-4. Но, ако го гледаме квалитетот на оваа и средбата со Бјелина, тогаш има голема разлика. Нашата средба беше многу поквалитетна“, категоричен е Младеновски.
Македонските судии се пробиваат

На средбата во Бања Лука судеа и македонските судии Ристе Огњанов и Петре Неделковски, а во Бјелина и Александар Денков. Тоа значи дека и македонските судии добиваат значење во Регионалната лига. Сите го истакнуваат и нивното објективно судење. Регионалната лига не е само придобивка за боксерите од Македонија, туку и за судиите.

Радник Пинк Пантер  12-4

–56 кг Захир Хоџиќ– Александар Ристевски 0-3

-60 кг Шакири Себастијан – Денис Муаремовски 3-0

–64 кг Слободан Митровиќ – Мухамед Кадриев 3-0

–69 кг Адем Фетаховиќ– Дејан Ристевски (прекин, ТКО, Р2)

–75 кг Раденко Томиќ – Гоце Јанески 0-3

–81 кг Џемал Бошњак – Никола Арсов 3-0 (службено)

–91кг Елвир Сендро – Марко Доциќ 3-0

+ 91 кг Дасо Симеуновиќ – Димитар Ташков 3-0 (предадена, Р3)

Во дербито на колото, Сесвете славеше против Лазревац/Металац со 10-6, а Лозница-Славија заврши 10-6.

По првите две кола Сесвете е со две победи, а потоа следуваат Радник, Лозница, Војводина/Спартак со по една победа и Пинк Пантер, Металац и Славија се без боддови, односно победи.

Ipon.mk/В.Д. – К.М.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО