Пијан поранешен европски бокс шампион пукал во четири лица среде улица (Вознемирувачко ВИДЕО)

Поранешниот европски шампион во бокс Никита Иванов рани четири лица пред ресторан во центарот на Москва, објави денеска руската агенција ТАСС.

Четири лица се ранети, а Иванов е приведен. Портпаролот на полицијата за ТАСС изјавил дека Иванов бил пијан и откако прво се пресметал со жртвите од престрелката, отворил оган врз нив. На социјалните мрежи протече видео од пресметката, чија содржина е многу вознемирувачка.

Според руските медиуми, еден од минувачите му го одзел оружјето на Иванов, а подоцна полицијата го совладала и го привела. Иванов веќе ѝ е познат на полицијата. Пред три години го претепал боксерот Басир Мирсијабов, кој во тешка состојба бил пренесен во болница, но на крајот преживеа.

Што се однесува до неговата боксерска кариера, Иванов со овој спорт се занимава од својата десетгодишна возраст. Добитник е на медали на неколку руски боксерски првенства, а во 2011 година го освои среброто на Европското првенство во бокс. Круната на неговата кариера беше во 2013 година, кога стана шампион на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО