Андерсон Силва изненади со изгледот и новиот имиџ (ФОТО)

Бразилскиот борец Андерсон Силва (48) ја имаше последната борба во УФЦ пред три години кога загуби со прекин во четвртата рунда од Урија Хол.

По богатата и многу успешна ММА кариера (34-11, 1 НЦ) се обиде со бокс. Во последните две години имаше три меча (вкупно пет) на кои победи против Хулио Сезар Чавез Јуниор и Тито Ортиз, а минатата година загуби од Јутјуберот Џејк Пол.

Легендата на боречките вештини моментално е зафатена со снимањето на серијата Андерсон Спајдер Силва чија премиера е на 16 ноември на услугата Парамаунт+.

Во пет епизоди ќе биде опишан животот и спортското патување на Спајдер до шампионот на УФЦ и како тој стана еден од најголемите светски ММА борци.

Силва беше примен во Куќата на славните на УФЦ во јули, а очигледно е зафатен во последните месеци, па затоа не ја посетувал салата толку често.

Имено, деновиве објави фотографија на Инстаграм, а изненади со својот изглед и новиот имиџ. Силва пушти брада и малку се здебели.

„Вујко ми ми велеше: Работата го облагородува човекот. Продолжуваме овде, на овој продуктивен ден, со многу работа, креација и добри луѓе“, напиша Силва во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО