Пијан ММА борец нападнал полицајци и им го земал оружјето

Поранешниот борец на M-1 Глобал, Михаил Газаев, нокаутира полицаец во Северна Осетија.

Против него е подигнато е обвинение за напад на полицајците кои го запреле на патот. Полицијата соопшти дека го сопреле затоа што автомобилот излегол од патот и му побарале документи на увид. Борецот одбил да им ги даде документите, по што полицајците побарале да го напушти автомобилот. Следи тепачка, при што еден од полициските службеници е нокаутиран, а на другиот му е одземено службеното оружје.

Газаев бил со пријатели за време на нападот и по инцидентот избегале. Полицијата вели дека бил пијан. Оттогаш Газаев е уапсен и обвинет за насилство врз претставник на законот, кражба на оружје, како и за прекршување на сообраќајните правила. И вториот осминичен е во притвор, додека третиот е во домашен притвор. Тоа ни оддалеку не се единствените негови проблеми со законот, бидејќи во 2013 година беше принуден да ја прекине кариерата, откако беше пак обвинет за тепање на полицајци.

Газаев е познат по контроверзната победа над Константин Глухов на M-1 Челинџ 44 во 2013 година. Тогаш победи со дисквалификација, откако го нокаутира противникот со удар додека тој лежеше на подот. Многу луѓе веруваат дека тој си го заслужил, бидејќи во поголемиот дел од борбата би подклекнат. Газаев има скор 3-0 рекорд во ММА и не се борел три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО