Петис: Ми предложија меч со Конор, но го мразам Дијаз и го избрав него

Поранешниот светски шампион на УФЦ, Ентони Петис, изјави дека имал шанса да му се спротивстави на Конор Мек Грегор летово. Но, го избрал мечот со Нејт Дијаз на 17 август во Калифорнија.

„Ми понудија борби со неколку големи имиња. Дана Вајт сакаше во август да се борам со Конор Мек Грегор, но не успеа. И се вратив на мојот бизнис, почнав да тренирам, а Нејт Дијаз одеднаш се појави. Го мразам овој човек. Едноставно не ми се допаѓа. Не можам да дочекам да го повредам! За мене, тоа е лична битка, за што ќе се подготвам максимално“, рече Петис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО