Петар Заборски забележа победа, реми и пораз на Премиер лигата во Фуџаирах

Петар Заборски имаше солиден настап во првиот овогодишен настап на Карате 1 Премиер лигата во Фуџаирах, Обединетите Арапски Емирати, со една победа, реми и пораз.

Борбите од неговата ги продолжи Јорданецот Хасан Масарвех кој имаше три победи.

Ова е прва Премиер лига за оваа година со нов формат. Најдобрите 32 од секоја категорија ќе се натпреваруваат во нов систем – 8 групи по 4 натпреварувачи. Прво ќе се оди по „Бергер-систем“ секој со секој и потоа најдобриот од секоја група оди во четвртфинале.

На Премиер лигата ќе настапат 342 каратисти од 55 држави.

Резултати – Премиер лига:

-75 кг – 7.Група
Петар Заборски – Антон Колб (Германија) 1-0
Петар Заборски –Хасан Масарвех (Јордан) 0-3
Петар Заборски – Љубиша Мариќ (Србија) 0-0

Љубиша Мариќ (Србија) – Хасан Масарвех (Јордан) 0-3
Љубиша Мариќ (Србија) – Антон Колб (Германија) 6-0
Антон Колб (Германија) – Хасан Масарвех (Јордан) 0-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО