Головкин верува дека бил подобар од Канело и требало да победи во двата меча

Казахстанскиот боксер Генади Головкин во кариерата има 41 победа, а има еден пораз и нерешена броба. Единствениот што не го победи во два меча е Мексиканецот Канело Алварез.

Нивниот прв меч во септември 2017 година заврши нерешено, а една година подоцна славеше Канело со мнозинска одлука на судиите.

Многу прашина се крена по првата борба која заврши нерешено.

Еден судија му даде водство на Головкин, победувајќи седум од 12 рунди, друг даваше по шест рунди, додека судијката Аделаида Бирд забележа десет рунди во корист на мексиканскиот борец.

Средбата заврши без победник, а судијата беше суспендиран на одредено време. Канело изгледаше многу подобро на реваншот во 2018 година и повеќето се согласуваат дека ја заслужи победата.

Генади Головкин се надева на трилогија против Канел, а тоа би можело да се случи оваа година.

Имено, Канело договара договор со Мечрум бокс вреден 85 милиони долари, а Мексиканецот би имал два меча.

Првиот би бил против Русинот Дмитри Бивол, кој е сопственик на појасот на ВБА во полутешка категорија, а вториот е против Генади Головкин.

„Бев подобар во двата меча и требаше да победам. Но, некои сè уште се заслепени од тоа. Се чувствувам огорчено кога гледам како некој може да изневерува без последици. Дали е тоа спорт“, изјави Генади Головкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО