Израел Адесања: Се уште не го сфаќам сериозно Хамзат Чимаев

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања не го сфаќа сериозно Хамзат Чимаев. Чимаев во последно време не престанува да го предизвикува својот колега и тврди дека ќе го „убие“ во една рунда.

Израел неодамна ја одбрани титулата со победата над Роберт Витакер. Сепак, тоа не го импресионираше Чимаев, истакнувајќи дека борбата на Адесања е нула. Израел имаше интервју со Ариел Хелуани и зборуваше за Чимаев.

„Чимаев не е многу актуелен сега. Нема да го сфаќам сериозно додека не биде потребно. Неговиот последен меч ме импресионираше. Мислев дека овој човек е добар, но овој спорт има нивоа. Да го видиме во борба со Жилберт Барнс.

Гледав само еден од неговите мечеви во средна категорија. Можам да ви кажам дека може да победи многу врвни борци во категоријата. Сепак, тоа не значи дека треба да го сфатам сериозно.

Чувствувам дека битката со Чимаев ќе биде иста приказна како борбата со Пауло Коста“, рече Адесања за чеченската ѕвезда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО