Петар Заборски ќе настапи на отворањето на Премиер лигата во Париз

Наш претставник на отворањето на Карате 1 Премиер лигата во Париз е Петар Заборски од Макпетрол во категоријата до 75 килограми.

Натпреварите почнуваат утре, а завршуваат во недела.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот.

Да потсетиме дека Петар годината ја започна со бронза во Атина пред 10 дена во Карате 1 Серија А, така што има победнички ритам и може да очекуваме нов успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО