Петар Спасеновски: Со 18 години сум подготвен да победам на Премиер лигата во Истанбул!

Petar Spasenovski na piedestal EP 2016

Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, ќе има македонски шмек, бидејќи во некои категории нашите каратисти ќе се борат за нормаи за Светското првенство во Линц-Австрија, по Правилникот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Секако дека една од најинтересните категории е онаа до 84 килограми во машка конкуренција, поради извесното отсуство на Берат Јакупи, како и излегувањето на Симон Антиќ од натпреварувачкиот ритам, па се се сведува на борба меѓу искусниот Сашко Патраклиев од Македонка и младиот и перспективен Петар Спасеновски од Металург, на Државното сениорско превнство славеше против далеку пискусните каратисти. Бидејќи Петар немаше 18 години не настапи на Балканското првенство, а поради тоа не можеше да биде конкурент и за Европското првенство за сениори, но на ЕП за јуниори го освои бронзениот медал.

Ако можев да станам сениорски државен првак во категорија до 84 килограми со моите 17 години, со наполнети 18 се чувствувам подготвен да победам на Премиер лигата во Истанбул, а на Светското првенство во Линц да направам висок пласман, вели Спасеновски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО