Џошуа-Пулев, Чисора-Вајт, Паркер-Прице на ист настан?

Entoni Dzosua Vajt

Еди Херн од Мечрум спорт има големи планови.

За 26 ноември планира голем настан со три борби во тешка категорија.

Во главната борба Ентони Џошуа (17-0, 17 КО) ќе го брани ИБФ појасот против ЕБУ шампионот Кубрат Пулев (23-1, 12 КО). Бугаринот единствениот пораз во својата кариера го заработи од Кличко. Во последната борба во мај, во која ја освои европската титула го победи Дерек Чисора со поделена одлука на судиите, иако тоа беше чиста победа.

Чисора (25-6, 17 КО) би требало да се бори против домашниот ривал, Дилијан Вајт (18-1, 14 КО), со кого веќе некое време си разменуваат на навреди и за малку ќе се испотепаа.

И двајацата наскоро ќе направат уште по една борба. Чисора на 10 септември во Стокхолм ќе се бори со Даражан Јањанин, а Вајт треба да се бори на 7 октомври во Глазгов. Неговиот противник Сем Секстон неодамна го откажа настапот.

Во третата борба, задолжителениот ИБФ предизвикувач, Џозеф Паркер (20-0, 17 КО) би се борел со Англичанецот Дејвид Прице (20-3, 17 КО).

Паркер пред тоа на 1 октомври ќе се бори со Александар Димитренко, а Херн сака да го претстави Новозелаѓанецот пред британската јавност пред борбата со Џошуа.

„Би можело да биде на 26 ноември и може да биде во Манчестер. Планирам вечер бна тешкашите, а во игра е и стадионот Милениум (Кардиф). Тоа би било забавно. Таа идеа ја добив синоќа на сон. Имаме големи планови и во текот на следните две недели ќе ги откриеме“, изјави Херн за Бокс сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО