Петар Спасеновски доминираше во жетвата на медали за Металург во Сараево

Каратистите на Металург освоија 11 медали на Меѓународниуот турнир „Гран при Алија Изетбеговиќ“ во Сарае, Босна и Херцеговина, а двете злата му припаднаа на репрезентативецот Петар Спасеновски кој триумфираше и во јуниори до 21 година и во сениорска конкуренција во категоријата до 84 килограми.

Со по два медали се закитија и Дргана Манговска, Стефан Костиќ и Усаме Бајрами.

Медалите за Металург го освоија:

1.Давид Саревски, кадети, -70 кг, 3-то место

2.Манговска Драгана, јуниори, -53 кг, 3-то место

3.јуниори, екипно 2-ро место

4.Усаме Бајрами, јуниори, -61 кг, 3-то место

5.Усаме Бајрами, јуниори, -61 кг, 3-то место

6.Роберто Ацковски, јуниори, -67 кг, 3-то место

7.Стефан Костиќ, јуниори У-21, -75 кг, 3-то место

8.Стефан Костиќ, сениори -75 кг, 3-то место

9.Петар Спасеновски, јуниори У-21, -84 кг, 1-во место

10.Петар Спасеновски, сениори, -84 кг, 1-во место

11.Филип Коцевски, сениори, +84 кг, 3-то место.

„Карате клубот Металург во рамките на предвидената програма за подготовка на своите натпреварувачи од кадетско, јуниорски и У-21 година категориите за предстојниот Државен изборен турнир кој се одржува на 27 и 28 мај(со кој почнува новиот циклус за избор на државната карате репрезентација на Македонија за К+Ј+Ј21 за Светското првенство во Тенерифе,Шпанија, од 26 до 29 октомври годинава), учествуваше со 8 натпреварувачи на Меѓународниот светски карате Гран при „Алија Изетбеговиќ“. Целта беше да се учествува на силен меѓународен турнир надвор од Македонија каде што натпреварувачите ќе имаат можност да направат што повеќе борби. Затоа натпреварувачите од У-21 беа пријавени во две кконкуренции(У-21 и сениори), а јуниорите и во екипно борби во машка и женска конкуренција. Кај натпреварувачите кои имаа повеќе борби се забележуваше дека од борба во борба се подобрува нивниот настап, односно послободно се борат и ги покажуваат своите вистински можности.

Постигнатите резултати покажуваат дека уште треба да се подига формата од натпреварувачите, а има доволно време за подготовки, како и потреба за учество и на други контролни натпревари“,  изјави тренерот на Металург, Мирче Јанушевски.

Општа отценка на тренерите од клубот е дека учеството на овој турнир ги исполни нивните очекувања, а за натпреварувачите во оваа фаза на подготовки ја даде вистинската слика за нивната спремност и ќе помогне за нивна подобра подготовка за следниот изборен циклус на репрезентацијата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО