АктуелноМеѓународна сценаММА

Петар Јан и Џошуа Ван се новите шампиони на УФЦ

Настанот на УФЦ во Т-Мобиле арената во Лас Вегас на крајот од 2025 година им понуди возбуда на публиката и им даде нови шампиони – Петар Јан и Џошуа Ван.

Во главната борба на настанот УФЦ 323, рускиот борец Петар Јан во многу исцрпувачка битка го победи со едногласна одлука на судиите Грузиецот Мераб Двалишвили и ја освои титулата во бантам категорија.

Така, Јан се најде повторно на тронот на дивизијата по пет и пол години, тоа беше неговата четврта победа по ред и 20-та во кариерата0.

Русинот го доживеа последниот пораз во март 2023 година против Двалишвили, но се врати во форма и по втор пат стана шампион на УФЦ.

Мераб не успеа по четврти пат оваа година да ја одбрани титулата што ја освои минатиот септември со победа над Шон О’Мели.

А Џошуа Ван е новиот шампион во мува категорија. Борецот од Мјанмар го во конасловната борба со прекин во првата рунда го победи Александар Пантоја.

Имено, мечот заврши за 26 секунди откако Пантоја падна незгодно на левата рака за време и беше сериозно повреден.

Александре удри со нога, а Џошуа го фати за ногата. Шампионот падна незгодно на подот и веднаш покажа дека не може да ја продолжи борбата.

Ова е четврта победа на Ван оваа година и шеста по ред, додека Пантоја загуби по четири успешни одбрани на титулата.

Следниот противник на новиот шампион веројатно би можел да биде Јапонецот Тацуро Таира, кој со прекин во втората рунда го победи Мексиканецот Брендон Морено.

Во американскиот меч во бантам категорија легендата на УФЦ, Хенри Сехудо, загуби со едногласна одлука во последната професионална борба од Пејтон Талбот.

Тоа беше четвртиот пораз на Трипл Ц по ред и шести вкупно во 22 борби.

Тој го освои шампионскиот појас на УФЦ во две тежински категории, а во текот на кариерата ги победи борците како Доминик Круз, Т.Џ. Дилашо. Деметриус Џонсон,…

Поранешниот шампион во полутешка категорија Јан Блахович ремизираше против Узбекистанецот Богдан Гусков. Тоа беше четвртиот меч без победа за полскиот борец.

Еден судија гласаше во корист на Блахович (29-28), додека другите двајца имаа резултат од 28-28, што значи дека резултатот беше нерешен со мнозинска одлука на судиите.

Полјакот ја забележа последната победа во мај 2022 година, кога го победи Александар Ракиќ со прекин во втората рунда.

Резултати од настанот УФЦ 323:

Петар Јан – Мераб Двалишвили (в) – едногласна одлука на судиите (49–46, 49–46, 48–47)
Џошуа Ван – Александар Пантоја (в) – ТКО (повреда на раката), Р1 рунда (0:26)
Тацуро Таира – Брендон Морено – ТКО (удари), Р2 (2:24)
Пејтон Талбот – Хенри Сехудо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Јан Блахович – Богдан Гусков – нерешено (29–28, 28–28, 28–28)

Прелиминарни борби
Мануел Торес – Грант Досон – ТКО (удари), Р1 (2:25)
Крис Данкан – Теренс Мекини – завршница (анаконда гушење), Р1 (2:30)
Мејси Барбер – Карин Силва – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Фарес Зијам – Назим Садихов – ТКО (лакти и удари), Р2 (4:59)
Бруно Фереира – Марвин Ветори – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Џалин Тарнер – Едсон Барбоза – со ТКО (удари), Р1 (2:24)
Иво Бараневски – Ибо Аслан – со ТКО (удари), Р1 (1:29)
Мансур Абдул-Малик – Антонио Троколи – со завршница (давење со гилотина), рунда 1 (1:09)
Маирон Сантос – Мухамед Наимов – со ТКО (удари), Р3 (0:21).

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON