АктуелноБКФЦБокс

Славески брутално го нокаутира противникот во првата рунда на БКФЦ 85 (ВИДЕО)

Македонскиот брец Гого Славески стигна до седмиот триумф во БКФЦ (бокс со голи раце), совладувајќи го Џа Фар Форт со технички нокаут во првата рунда.

Славески ја отвори борбата жестоко, тргнувајќи во офанзива од самиот старт. Судијата беше принуден дури четири пати да ја прекине рундата пред конечно да процени дека Форт не е во состојба да продолжи, па победата заслужено припадна на македонскиот претставник.

Дуелот заврши по само една минута и 34 секунди, а Славески уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдоминантните борци во организацијата. Со овој успех, неговиот скор се искачи на седум победи и еден пораз, а зад себе го има и шампионскиот појас во ова натпреварување.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON