Петар е најгрубо украден. Главниот судија од цела сала беше испратен со свирежи, вели Бошко Заборски, тренерот на Петар Заборски за финалната борба на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих.
„Четири контакти во ФИНАЛЕ и да го дисквалификуваат при резултрат 1-1, на 10 секунди до крајот. Тоа е безобразие од главниот судија, кој работеше за Италија“, тврди Заборски, тренерот на КК Макпетрол.
Според него, тоа им го прават само на мналите држави како нашата.
„Петар беше шампионот. Цела сала го виде тоа. Ама, тоа се заборава“, истакнува Забосрки.
В.Д.