Петар Арсовски освои бронза, но пропушти голема шанса за финале на „Купот на нациите“

Петар Арсовски освои бронзен медал на силниот Меѓународен турнир „Куп на нациите“ за јуниори во Врбас, Србија, но испушти голема шнаса за финале. Арсовски е поразен со 1-4 од Романецот Александру Гинак.

„Испуштивме шанси во текот на целиот меч. Не сум задоволен од тоа што го покажа во рингот. А има и за што да жали, бидејќи во финалето е Казахстанец, одличен боксер. Тоа е пропуштена шанса за соочување со таков боксер“, изјави неговиот тренер и татко Александар Арсовски.

На турнирот учествуваат 119 боксери од 16 земји во светот.

Резултати:

50 кг Леонардо Лимај – Николас Камбуракис (Кипар) 0-5

57 кг Енис Алиу – Ѓорге Мијатов (Србија) 0-5 (Р3, прекин од лекар)

52 кг Петар Арсовски – Александру Гиндак (Романија) 1-4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО