Пет од пет за Сеишин во Сливен, 3 сребра и 2 бронзи (ФОТО)

Џудо клубот Сеишин од Прилеп забележа пет од пет учинок на Меѓународниот турнир во џудо за помлади пионери и деца во Сливен, Бугарија, односно со пат натпреварувачи освои пет медали.

Сеишин освои 3 сребрени и 2 бронзени медали. Анастасија Кузманоска, Теа Настоска и Леона Настоска освоија сребрени медали, Теона Настоска и Андреј Сотироски бронзени.

На турнирот во организација на Спортската Академија за џудо и самбо „Биоком-Ставен“ од Сливен учествуваа над 250 натпреварувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО