Регионалниот тим – Италија 12-6, Нуришов и Муаремовски поразени (ФОТО)

Регионалниот  тим ја победи селекцијата на Италија на бокс двомечот синоќа во Подгорица со 12-6.

Во супер атмосфера во фоајето на универзитетот во Подгорица пред голем број на гледачите видоа девет извонредни борби. Во составот на регионалниот тим настапија и нашите боксери Алмир Нуришов и Денис Муаремовски кои, за жал, беа поразени.

За најдобар боксер е прогласен Лука Пратљачиќ, Гвидо Вианело и Милутин Станковиќ се најборбениот пар, додека најдобар техничар е Рикардо Цимино.

Средбата ја следеа и претседателите на националните федерации на Србија, Хрватска и Црна Гора (Ненад Боровчанин, Боно Бошњак и Блаж Шарановиќ), додека нашата БФМ ја претставуваше Илија Младеновски.

Регионално тим го предводеше Алмедин Фетаховиќ, а му помагаше тренерот на Пинк Пантер Ристе Грбев, додека Италијанците ги водеше Рикардо Д’Андреа.

Реванш мечот ќе се одржи во Италија на 20 декември 2017 година.

Резултати:
Халит Ерилмаз – Душан Јањиќ, БК Лазаревац / Металец 0-2
Матија де Бјанки – Алмир Нуришов, БК Пинк Пантер 2-0, прекин Р2
Рикардо Цимино – Денис Муаремовски, БК Пинк Пантер 2-0
Винченцо Аречија – Адем Фетаховиќ, БК Радник 0-2
Рафаеле Муно – Алекса Марковиќ, БК Лазаревац / Металец 0-2
Рикардо Валентино – Дамир Плантиќ, БК Сесвете 0-2
Микеланџело Луси – Лука Пратљачиќ, БК Сесвете 0-2 прекин Р2
Гвидо Вајанело – Милутин Станковиќ, БК Лазаревац / Металец 2-0
Мирко Карботи – Иван Ерслан, БК Сесвете – 0-2

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО