Пет медали за Балканец и трето место во екипна конкуренција во Катунци-Бугарија

Пет од пет за младите борачи на Балканец на Меѓународниот турнир Катунци во Бугарија, кои освоија две злата, едно сребро и две бронзи, а во екипна конкуренција штипјани се трети.

Медалите ги освоија: Ненад Панов и Андреј Трајчов – златни, Љупче Ташев – сребрен, Петар Костов и Никола Гацов – бронзени.

Во публиката на турнирот се најдоа и дел од најмладите борачи генерација 2008 и помлади, кои во иднина ќе треба да тргнат по стапките на постарите клупски другари.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО