Пешко: Вардар ќе атакува на 2-3 места во репрезентацијата!

Ljubisa Pesko

Осоколениот Вардар, кој се враќа на боречката сцена, на Изборното првенство во недела ќе настапи во полн состав: Алмир Османспахиќ (65 кг), Алексанадар Павлев (70 кг), Ангел Јовановски (74), Халил Зубаиров (86 кг), Тимур Хамикоев (97 кг) и Иван Викиќ (125 кг).

„Вардар атакува на две до три пласмани во националниот тим. Тоа ќе биде голем успех за Вардар по враќањето на македонската боречка сцена“, вели тренерот Љубиша Пешко.

10997271_924947510872672_473548147_n10951120_924947200872703_2038947658_n

Според Пешко, Вардар за места во репрезентацијата ќе се пушти во борба против големите Балканец, Лирија и Бучим-Радовиш. Вардарови адути се и натурализираните Македонци Зубаиров и Хамикоев.

„Боречкиот клуб Вардар ги повикува сите љубители на борењето да дојдат во недела во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир и да ги бодрат своите миленици“, повика поранешниот репрезентативец и тренер на Врадар.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО