Андерсон Силва и втор пат позитивен на допинг тестот!

anderson-silva-ufc183

Сите оние кои се надеваа дека позитивниот допинг тест на Андерсон Силва беше грешка, ќе останат разочарани. Изгледа „Спајдерот“ дал и втор позитивен допинг тест за време на подготовките за дуелот со Ник Дијаз на 31 јануари. 

Блиски извори за ситуацијата потврдија дека Силва има два позитивни допинг теста. Првиот позитивен допинг тест е од 9 јануари. Вчера беа објавени резултатите од допинг тест направен на 19 јануари, кои беа негативни. Сепак, имало и трет тест, кој бил позитивен, но неговиот датум на спроведување се уште не е обелоденет.

Од таборот на Силва се уште не побарале повторно тестирање.

Како резултат на допинг скандалот победата на Силва му беше одземена, тој беше сменет како тренер во риалити шоуто ТУФ бразил и најверојатно ќе ја заврши кариерата на многу грд начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО