Переира за реваншот со Адесања: Подготвен сум да убијам!

Шампионот на УФЦ во средна категорија Алекс Переира реагира на најавата за реваншот со Израел Адесања.

Неодамна претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, официјално ја објави борбата меѓу нив. Адесања и Переира ќе се борат за титулата во средна категорија на УФЦ 287 на 8 април во Мајами, Флорида. Борбата ќе биде водечка на настанот.

Во средината на ноември 2022 година Алекс го нокаутира Адесања во 5-тата рунда и го симна од тронот. Израел водеше на поени и му зададе сериозни удари на Переира, но не можеше да го победи. Алекс е кошмар за Адесања, двапати го победи во кик бокс, сега и во ММА.

„Поатан“ е подготвен за втората борба според правилата на ММА и се закани дека ќе убие.

„Подготвен сум да убијам!“, напиша Переира на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО