Пензионираниот Жорж Сент Пјер: Јас сум најсреќниот човек на светот!

ММА легендата Жорж Сент Пјер ужива во пензионирањето од боречите вештини и воопшто не планира да се врати во УФЦ.

„Јас сум најсреќната личност во светот и никогаш не би се предомислил“, изјави Сент Пјер за ЕСПН. „Не би се вратил на мојата стара рутина – јас го правам тоа толку долго. Ја немам истата мотивација како порано“.

Канаѓанецот се повлече од мешани боречки вештини во 2019 година со скор 26-2 и кариера од над 15 години. Неговата последна победа беше над Мајкл Биспинг во УФЦ 217 во 2017 година.

„Да се ​​вратам, тоа ќе биде пресврт за 180 степени во мојот живот. Нема да ми треба многу време за да влезам во форма за двобој, се уште можам да го сторам тоа … но едноставно не знам дали сакам“.

38-годишниот ветеран изјави дека ужива во релаксирањето по борбечката кариера и стресот од подготовкире пред борбата воопшто не му недостасува.

„Понекогаш кога сум во сала и гледам дуел, се возбудувам и велам„ човече, можам да го победам“, но потоа се будам следното утро и не сакам да имам никаква врска со тој стресен начин на живот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО