Пеливани и клубови ќе ја бојкотираат федерацијата, бараат разрешување на раководството

Пеливани и клубови ќе ја бојкотираат Федерацијата за пеливанско борење на Македонија, највува иницијаторот Бобан Данов кој е активен пеливански борач.

Данов вели дека иницијативата и за одржување на вонредно Собрание и разрешување на актуелното раководство на Федерацијата предводено од претседателот Ахмет Османи и Боро Лазаревски.

„Федерацијата не функционира добра, поделбата на паричните средства, неактивност на активните клубови се причните заради кои бараме нивно разрешување“, вели Данов, додавајќи ова го барат актуелните клубови кој настапуват и се борат, а не добиваат ништо – Штип, Ускана, Сарај, Велес, Бузалково.

„Ова се клубови кои се активни и со најмалку 10 борачи кои се и најдобро во своите категории“, тврди Бобан.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО