Павлов ќе се бори за бронза на Светското првенство

Европскиот шампион Емил Павлов (-60 кг) е полуфиналето на Светското првенство во Германија и ќе се бори со Бразилецот Даглас Бросе за влез во финалето.

Европско првенство
Емил Павлов-Европски првак

Павлов најпрво во првото коло со судиска одлука отиде понатаму откако борбата со Јорданецот Исмаил Калед заврши 3-3.  Втора жртва беше Србинот Марко Антиќ, кој го совлада со 1-0, па потоа Чун Хо Ли од Хонг Конг со 2-1, а во четвртфиналето беше подобар од францускиот репрезентативец Софијан Агуджил со 2-1.

Сепак, во полуфиналето Бразилецот Даглас Бросе помина со судиска одлука. Во регуларниот дел средбата заврши 0-0. Бросе во финалето ќе се сретне со Холанѓанецот Џефри Беренс.

Во борбата за бронза, Павлов наредниот викенд ќе го чека противникот, кој ќе биде познат попладнево, откако ќе завршат борбите во репасажот.

Каратистката на Макперол, Симона Заборска (-55 кг), преку репасажот сѐ уште има шанса да освои бронзен медал . Таа загуби минимално, со 0-1, од Италијанката Сара Кардин, која подоцна се пласира во финалето на оваа категорија. Претходно, Заборска ја мина Колумбијката Стела Уранго со изјаснување на судиите, откако мечот заврши 0-0, потоа ја совлада Парагвајката Матилда Сорилја со 3-0, а потоа налета на Кардин.

ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО