Бронзениот Ивановски на прием во АСМ

AMS KikBoks 1
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денес го прими Мики Ивановски, кој на последното Европско првенство кик бокс во Билбао, Шпанија, го освои третото место во дисциплината К1 до 81 килограм.
Спасески му го честиташе успехот на Ивановски, кој успеа во најтешката категорија да се закити со медал.
Ивановски се заблагодари за приемот и додаде дека ова за него преставува почеток на успеси во неговата кариера. Во наредниот период ќе тренира со уште позасилено темпо за да успее да се закити со златна медал од следното Европско првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО