Италјанците кобни за Заборска и Ристески

2014-10-18 21.03.49

Репрезентативката Симона Заборска во категоријата до 55 килограми се претстави во добро светло на Светското превенство во Бремен, Германија.

Таа во првото коло беше подобра од Колумбијката Стела Уранго со судиска одлука откако борбата заврши нерешено 0-0. Уште една противничка од овој континент беше совладана, заборска победи со 3-0 во дуелот со Лопез Зорила од Парагвај. Но, во третото коло налета на Италијанката Сара Кардин, од која изгуби со минимално со 1-0.

Исто така и за Тодор Ристески беше кобен италијанскиот репрезентативец Мауро Скоџаномилиџио во второто коло, кој славеше со 5-0. Инаку, во првата борба Ристески го победи Хулиан Пинцас од Аргентина со 1-0.

Нашите надежи за медал се вперени кон европскиот првак Емил Павлов, а се надеваме дека нешто повеќе можеме екипно во борби-мажи и ката тим-жени.

ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО