Бригс патува за Германија за да го нервира Кличко

Американскиот професионален боксер, Шенон Бригс, планира да биде во „О2 Арена“ во Хамбург на 15 ноември, на мечот меѓу светскиот шампион во тешка категорија Владимир Кличко и Бугаринот Кубрат Пулев.

briggs-klitschko

Бригс е последниот претставник на САД што поседува титула, во саботата ја забележа 50-та победа со нокуат, откако го нокаутираше Ричард Кармак уште во првата рунда.

Веќе неколку месеци Бригс обидува на секаков начин да го предизвика Украинецот на дуел.

Затоа по победата над Кармак му даде дополнителен поттик и поддршка од навивачите за големата цел – натпревар против Доктор Челичен чекан.

-Сакам да се и заблагодарам на навивачите, кои застанаа зад мене во кампања да имам реванш меч со Влад. Исто така, ќе и се заблагодарам и на хејтерите, кои ми даваат мотивација на тренинзите, коментира Бригс. „Можеби некои од нив заборавија, дека, кога во јуни ми предложија да се борам со Руслан Чагаев за испразнетата титула на Светската боксерска асоцијација (ВБА), реков ” да ” во моментот. Потоа чекав за договор. Имајте на ум дека токму тогаш имав меч од 12 рунди, недела пред да дојде предлогот. Не беше моја вина, што првиочниот мојот противник на крајот јадеше ќотек“.

-За мојата последена борба три месеци барав противник и датум. Предложив на тројца различни боксери од светската ВТА. Двајца од нив дури и не ми дадоа шанса да упатам понуда, веднаш рекоа „не“. Третиот тотално се надмина со цената, а како што сите знаеме, тоа е другиот начин да откажеш натпревар, вели Бригс.

-Не е лесно да се натера некого да боксира Шенон Бригс како предизвикувач, посебно ако времето е кратко за подготовки. Никого не може да го натераш да се бори со тебе ако тој не се согласува. Па што да правам? Да не се борам ли?-прашува Бригс.

-Немам што да докажувам. Ги правам вистинските нешта. Тренирам напорно и ја одржувам формата. Правам се како што треба да се прави. Веќе ги демантирав сите облози против себе и ја освоив наградата, која не е по волјата на многумина. Навивачите во Германија последниот пат покажаа многу љубов и и ми дадоа поддршка. Немам трпение, моам да се вратам таму,- изјави Бригс .

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО