Ортиз: Бонар е срам за овој спорт

ortiz-bonnarДвајца учесници во салата на славните на УФЦ ќе се соочат еден против друг на Белатор 131 на 15 ноември. Тито Ортиз против Стефан Бонар.

Овој меч е пропратен со многу тензии меѓу двајцата натпреварувачи, бидејќи Бонар направи голем циркус, а Тито сака да му наплати за тоа .

 „Сето тоа го сфаќам многу лично. Едноставно, не можам да ги затворам очите. Овој човек се врати, само за да се тепа со мене? Го доби тоа што го сакаше. Но, тој е лицемер. Тој е цел за потсмев и е срам за овој спорт“, тврди Ортиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО