Павлов со скршен прст, Иво Цветковски со медал во Истанбул!

Ivo Cvetkovski na piedestal vo Turcija premiert

Носителот на бронзениот медал од Европските игри во Баку, Емил Павлов (-60 кг), го скрши прстот во репасажот при водтсво до 2-0 против Русинот Евгениј Плакутин, од кого претрпе пораз на Светското првенство во Греманија. Инаку во првото коло Пвалов беше поразен со 6-1 од Ејуп Гулер-Турција.

Симона Забосрка (- 55 кг) во првиот настап заблежа победа над Турчинката Башак Бану Каракаја со судиско изјаснување откако борбата заврши 0-0. Во второто коло со 2-1 беше поразена од Сабина Лаавери од Шведска. Исто така и Ана Марија Несторвска (-61 кг) во првото коло забележа победа  3-2 над Бетина Алдстадехер од Норвешка, за потоа да биде поразена со 2-0 од Ингрида Сучакова од Словачка. Во репасажот Несторовска борбата за заврши 0-0, но понатаму отиде Малике Бусумлу од Турција.

Скрешеницата на Павлов
Скрешеницата на Павлов

 Втората наша претставничка Румена Балшевска беше поразена од Русинката Олга Малофеева.

Ислам Хасан со 5-0 го совлада Фери Исиќ во кати.

Шабан Муртиши (-60 кг)-Едгар Мисјан-Молдавија 1-2. Адил Мехмед (-67 кг) славеше со 3-1 против Џек Гил Барнеј од Нов Зеланд, но беше поразен од Рафис Хасанов 2-0. Ненад Келениќ-Роман Меликов-Русија 0-3. Томе Тодоровски-Бурак Ујгур-Турција 5-7. Во репасажот Тодоровски дожиева тежок пораз од Италјанецот Џанлука де Виво од 9-0.

Игор Таневски пријатно изненади, кој во првата борба салвеше 4-2 над Андрес Паредес-Еквадор, потоа и против Александар Баришев 2-2, а за Мерегн Кализанов-Казакстан немаше сили и загуби со 6-0.

Азис Исмаил (- 75 кг-)-Естебан Еспиноза – Еквадор 2-3, Фери Исиќ – Јунес Насери – Иран 1-2.

Енес Смаилагиќ денска прикажа одлични борби, а можеше и повеќе, но среќата не го послужи. Во првото коло го победи со12-6 Турчинот Билал Мухамет, па Јилмаз Фатих – Турција со 7-4, за со еден поен да биде поразен од Словакот Матус Лисковски.

Серјожа Саргасијан – Ерменија – Тодор Ристески 2-2, понатаму отиде Ерменецот. Мартин Ристовски добро стартуваше со победа над Турчинот Али Алтун 0-0, но потоа наиде на нашиот Иво Цветковси и претрпе пораз од 2-0, а Иво го освои бронзениот медал.

Мишела Димоска кај сениорките во првото коло беше поразена од Вероника Мискова од Чешка со 4-1, а нејзината сестра Маријана загуби со истиот резултат од Нур Есфафи од Египет. Пуликсенија Јовановска забележа победа од 4-1 против Ехаб Зеинаб Бадави од Египет, а во наредното коло со судиско прегласување од 3-2 загуби од Французинката Александра Фераци.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО