УФЦ 191: Џонсон го одбрани појасот, Арловски славеше против Мир, Манува нокаутиран!

arlovskiMir2-screen

УФЦ 191 се одржа денеска, како главен настан на вечерта беше шампионскиот меч меѓу Деметриус Џонсон и Џон Додсон за титулата во мува категорија.

 Борбата беше динамична, која цело време ја диктираше шампионот. Додсон успеа да се извлече од неколку опасни ситуации, но Џонсон притискаше во сите пет рунди. Додсон не успеа на било кој начин да го загрози шампионот и дуелот заврши со судиска одлука во корист на Џонсон.

 Во подглавната средба, ветеранот Андреј Арловски успеа да се наметне против Френк Мир и со тоа се доближи до борба за титулата. Мечот не беше од оние најдинамичните, но Арловски си ја заслужи победата, бидејќи имаше повеќе акции, а судиите не се двоумеа кој е победникот.

Ентони Џонсон забележа силна победа со ТКО над Џими Манува во втората рунда. Двајцата борци излегоа со силна размена на удари. Џонсон успеа да го пренесе мечот на земја, каде што продолжи да го опсипува со удари противникот. Манува успеа да се извлече и да го притисне противникот кон ќелијата во клинч. Сепак, Џонсон успеа да ги промени работите кон крајот на рундата. Во втората рунда „Rumble“ му нанесе тежок удар со десната рака, кој го собори Манува. Потоа, уште со неколку удари Џонсон го доврши, додека судијата не ја прекина средбата.

Еве ги сите резултати од УФЦ 191: 

Деметриус Џонсон го победи Џон Додсон со судиска одлука (49-46, 49-46, 50-55)

Андреј Арловски го победи Френк Мир со судиска одлука (29-28, 29-28, 30-27)

Ентони Џонсон го победи Џими Мнаува со КО (Р 2, 0:28)

Кореј Андерсон го победи Јан Балчовиц со судиска одлука (30-25, 30-25, 30-26)

Пејџ ван Зант ја победи Алекс Чемберс со клуч (Armbar, Р 3, 1:01) 

Рос Пирсон го победи Пол Фелдер со судиска одлука (28-29, 30-27, 29-28)

Џон Линекер го победи Франциско Ривера со клуч (Guillotine Choke, Р 1, 2:08)

Ракел Пенингтон ја победи Џесика Андраде со клуч (RNC, Р 2, 4:58)

Тијаго Тратор го победи Клеј Колард со судиска одлука (29-28, 28-29, 29-28) 

Џо Ригс го победи Рон Сталингс со дисквалификација (недозволен удар со нога, Р 2, 2:28)

Жоаким Силва го победи Назарено Малегари со судиска одлука (28-29, 30-27, 30-27) 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО