Патрицио Фреир против Чихиро Сузуки на Белатор ММА x Ризин 2

Патрицио Фреир ќе се бори против Чихиро Сузуки.

Нивната борба беше најавена само неколку дена пред заедничката гала вечер на Белатор и Ризин. Борбата ќе биде на 70 килограми и нема да е за титулата. Борбата најверојатно ќе биде насловна на Белатор ММА x Ризин 2, која ќе се одржи овој викенд во Јапонија.

Фреир има скор од 35-6 во ММА. Во средината на минатиот месец загуби од Серхио Петис. Така, Патрицио не успеа да стане шампион во 3-та различна категорија. Питбул има завршено 23 од своите средби и 2 пати е завршен. Тој е поранешен двократен шампион во Белатор.

Сузуки има скор 10-3-1 во ММА. Во последната битка се бореше со Клебер Коике. Сузуки ја загуби борбата со завршница, но победата на Коике беше поништена бидејќи не успеа на мерењето

Чихиро завршува 5 од своите натпревари и е во серија од 5 последователни победи. Тој само еднаш губи со завршница.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО