Алекс Переира: Блахович е совршен противник за моето деби во полутешка категорија

Алекс Переира верува дека Јан Блахович е совршен противник за неговото деби во полутешка категорија.

Переира ќе се искачи во полутешка категорија на главниот настан на УФЦ 291 против Блахович. Бразилецот отсекогаш бил поголем во средна категорија, а дури и пред поразот со нокаут од Израел Адесања изјави дека размислува да се искачи во полутешка категорија.

„Сигурно, мојата кариера во УФЦ оди многу брзо. На сите им покажав дека тука треба да бидам. Го работам она што го сакам, а тоа е да се борам. Добив можност да се борам за титулата многу брзо“, рече Алекс Переира во промо видеото на УФЦ 291.

„Во последната борба се обидов да ја направам првата одбрана на титулата. Тоа е веќе дел од мојата приказна, но секако не е крајот на приказната.

Непосредно пред последната борба, донесов одлука мојата следна борба да се пресели во полутешка категорија. Сега имам можност да се доближам до титулата во полутешка категорија“.

Кога Алекс Переира официјално се пресели во полутешка категорија не беше сигурен со кого ќе се соочи. Меѓутоа, кога му беше понуден Јан Блахович, тој беше воодушевен, затоа што сметаше дека е совршена борба за него да докаже оти треба да му се даде шанса за титулата.

„Мислам дека Блахович е совршен противник за мене. Тој е поранешен шампион, но јас ќе го правам она што го правам секогаш. Ќе го зголемувам темпото, ќе бидам агресивен, ќе одам напред и задавам удари “, продолжи Переира. „Тоа е мојот стил и секогаш ќе се борам на тој начин. Ако победам, ќе добијам шанса за титулата.

Бидејќи Алекс Переира планира да биде агресивен против Јан Блахович, очекува да заблежи нокаут победа и да обезбеди шанса за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО