„Патот на олимпискиот шампион“ промовирана и на Факултетот за физичка клутура и спорт на Универзитетот „Мајка Тереза“ (ФОТО)

Приближно една година по промоцијата на монографијата „Патот на олимпискиот шампион за носителот на златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена, денеска се случи и втора промоција пред студентите на Факултетот за физичка клутура и спорт на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 7 декември 2016 година се промовираше „Патот на олимпискиот шампион“ во хотелот Александар палас во Скопје пред многуброен аудиториум,  книга посветена на најуспешниот спортист во Македонија, олимпискиот шампион Шабан Трстена.

Пред студентите кои треба да подготвуваат идни шампиони Трстена зборуваше за неговата работа, за неговиот пример, кој треба биде мотивација и поттик за новите генерации кои само со напорна работа може да остварат големи успеси. На промоцијата присуствуваа ректорот Азис Положани, академик Алајдин Абази, професори, гости како Насе Насев и Хајруш Синани, боксерскиот шампион Фатон Салиху и др.
„Величествените спортски успеси, имаа долга увертира со многу одрекувања во животот за да се допре до врвот на олимпијадите“, рече Трстена пред студентите кои имаа можност да ги слушнат впечатоците и  предизвиците што ги имал олимпискиот шампион.

Трстена вели: „Во говорот што го одржав присутните беа информирани изворно, со моето минато како спортист и со долгото и напорно искачување до врвот на Олимп. Студентите имаа можност директно да го слушнат духот на еден олимписки шампион, моето искуство, предизвиците, тешките борби и моите победи“.

Ректорот проф. д-р Aзиз Положани во својот говор го изрази своето задоволство што студентите на овој универзитет ја имаат честа да се запознаат директно со олимпискиот шампион и имаа можност да се запознаат со неговите ставови за спортoт, кои параметри треба да ги почитува во неговата работа еден олимписки шампион, а преку неговиот пример ќе биде мотив и стимулација за новите генерации дека само со неуморна работа може да се постигне со голем успех.


Да потсетиме дека книгата ги опфаќа животот и 19-годишната спортска кариера на олимпискиот шампион, Шабан Трстена, од 1977 до 1996 година. Но, и дека на минатогодишната промоција беше ветено дека МОК ќе ја преведе и на македонски јазик.

„Патот на олимпискиот шампион“  ја напишаа и редактираа  Сефер Таири, Решат Ибраими и Флорим Реџепи и шампионот Шабан Трстена. Инаку, печатењето е во режија на Трстена.

Се работи за најавтентична и најсеопфатна книга посветена на животното и спортското дејствување, книга во која се прави историски фактографски опис на сонувањата, предизвиците, тежнеењата и постигнувањата на олимпискиот шампион, Шабан Трстена.

Трстена има неверојатен ефект како еден од најдобрите светски спортисти во борењето, со 30 златни медали на 42 турнири на кои учествуваше. Од многуте медали 19 се од нив се Олимписките игри, Светските, Европските првенства, Медитеранските игри и Балканските шампионати. Највредни се златото од ЛОИ во Лос Анџелес и сребрениот медал од следните Игри во Сеул. Двапати беше и европски првак во неговата категорија до 52 килограми, а има и бронза од СП во Катовице во 1982 година.
Тој има на 750 борби во кариерата, притоа забележал 720 победи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО