АМС работилница: Примена на законите во поддршка на спортот – права и обврска

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт денеска се одржа работилница на тема: Примена на законите во поддршка на спортот – права и обврска. 

Работилницата беше наменета за претставниците на спортските национални федерации со цел запознавање на новите законски измени во делот на даночното ослободување во спортот. Работилницата со поздравно обраќање ја отворија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф.д-р Ленче Алексовска.

Во работниот дел, д-р сц. Томислав Андоновски ги разработи и ги презентираше законите кои влијаат врз развој на спортот, особено во делот на користење средства од игрите на среќа, данокот од добивка и донациите и спонзорствата. Покрај тоа, д-р сц. Андоновски го објасни и им го доближи и начинот за подготовка и планирање на годишната програма на националните спортски федерации за обезбедување на средства од Буџетот на РМ и средства прибрани од игра на среќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО