Во првата борба по губењето на светската титулана ВБО, Џозеф Паркер (24-1, 18 КО) во Лондон боксира против Дилиен Вајт (23-1, 17 КО).
30-годишниот Јамајканец нам мерењето имаше 117 килограми, што е за околу два килограми повеќе од последната борба во која го нокаутира Лукас Браун.
26-годишниот Новзеландец тежеше 109,8 килограми.
Во овој меч Вајт, кој се обидува да се избори за борба за светски првак, го брани сребрениот појас на ВБЦ, а се борат и за испразнетата меѓународна титула на ВБО.
Пред нив во рингот влегуваат Дерек Чисора (112,5) и Карлос Такам (111,6 кг).
.