Хабиб ветува: Мек Грегор ќе се предаде со првите 100 соборувања

Сега, откако Конор Мек Грегор ги реши проблемите со судот во Њујорк, сите погледи се вперени кон мечот со актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов.

Тие имаа сериозно непријателско однеусвање, а Хабиб е подготвен да му даде шанса на Мек Гргеор за шампионски дуел по враќањето на Ирецот во октагонот по двегодишно отсуство. Но, Русинот инсистира да добие соодветен финансиски надомест за тоа.

„Нема само туку така да му дадам шанса да заработи пари и да се бори со мене. Без мене, тоа за него е невозможно. Ако ми платат само неколку илјадарки повеќе, а УФЦ и Мек Грегор направат сериозни пари – нема за што да зборуваме.

Конор е 2-2 во последните 4 борби. Не заслужува меч за титулата. Но, сите знаеме дека битката може да биде многу профитабилна“.

Нурмагомедов теоретски е доста тежок противник за Мек Грегор, но Озлогалсениот секогаш ги разрешувал сомнежите спрема него со дејството во кафезот и особено на левицата. Хабиб знае колку е опасен Конор во стоечка позиција, па затоа ќе се обиде да го симне на земја и да го казни, се додека не го скрши.

„Планот ми е да го смачкам, да го истоштам и да го натерам да се предаде. Тоа е мојот план. Не сакам брзо да го завршам. Сакам да си плати за сето она што се случи. Не можам да верувам дека на крајот ќе се бориме. Треба да ги потпишеме договорите. Треба да дефенираме каде точно ќе се бори.

Тој нема кондиција. Тој нема борба. Тој нема ништо. Има само еден добар удар со левата рака. Ќе го скршам 100 пати. Тој мисли дека ако се борам со него, како што го направив тоа со Јакинта, ќе може да ме победи. Но, погледнете ги моите 10 УФЦ борби. Секоја од нив е различна“.

https://youtu.be/u8yWF_eBviw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО