Ентони Џошуа потпиша нов 3-годишен договор со Мечрум боксинг (ВИДЕО)

Светскиот шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија, Ентони Џошуа, потпиша нов 3-годишен договор со Мечрум боксинг.

Овој договор значи дека сите дуели на 28-годишниот Џошуа во Велика Британија ќе бидат емитувани од Скај спорт бокс офис Office преку системот за при пејд настани (ППГ).

„Кога решив да станам професионалец, почувствував дека боксерскиот пазар е во состојба на стагнација и има потреба од нова енергија. Мечрум и Скај ме поддржаа и ми даваа нови можности што секогаш можев да ги искористам. Работеа напорно за да се уверат дека имам шанса да ги покажам своите вештини и да му ја раскажам на светот мојата приказна. Продолжувањето на соработката беше само прашање на време, а не тема за дискусија“, изјави AЏ.

Промоторот Еди Херн објави дека борбите на Ентони Џошуа во САД ќе се емитуваат преку стриминг услугата DAZN со која Мечрум неодамна склучи договор. Првата битка од новиот договор на Џошуа ќе биде против задолжителниот предизвикувач на ВБА Александар Поветкин на 22 септември на стадионот Вембли во Лондон.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО