Вајт го победи Паркер во бескомпромисна борба со 3 нокдауни во 12 рунди (ВИДЕО)

Дилиен Вајт (24-1, 17 КО) во Лондон го победи Џосеф Паркер (24-2, 18 КО), го одбрани ВБЦ сребрениот појас и ја освои испразнетата ВБО Меѓународна титулата во тешка категорија.

30-годишниот Јамајканец го порази Паркер со едногласна одлука во 12 рунди – 113-112, 115-110 и 114-111.

Во првиот меч од губењето на ВБО појасот од Ентони Џошуа, Паркер со предна рака го контролираше на почетокот на бортбата и со преден директ подготовуваше удари за десната рака. Во втората се најде на подот и судијата му броеше, но успорената снимка откри дека го соборил удар со главата.

Вајт во третата врзува неколку удари и продолжува да оди напред. На почетокот на четвртата Јамајканецот го фаќа противникот со боречки зафат сакајќи да го измори и да демонстрира сила. Паркер на притисок одговара удари во телото.

Во петтата Паркер станува видливо уморен, а Вајт ја користи секоја можност да го фати и да се обеси со целата тежина на него. Во следните три минути лондонскиот боксер почнува да доминира со борбата, но Паркер погаѓа со одлично кроше во последната секунда, откако на почетокот прими силен аперкат.

Во седмата Вајт го притиска и освен едно силно лево кроше во средината на рундата не погаѓа ништо значајно.

Во осмата темпото паѓа, а Паркер беше малку подобар.

https://twitter.com/Biddle_/status/1023335923075964928?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1023335923075964928&ref_url=https%3A%2F%2Ftopsport.mk%2Fmiks%2Fdilijan-vajt-go-zdrobi-parker-chisora-so-nokaut-nad-takam-video%2F

Новозеландецот деветата ја отвора со одличен десен аперкат, а Вајт со лево кроше во средината на рундата и на рингот го праќа на подот. Успеа да одговори на броењето и да ја заврши рундата без дополнително оштетување.

Вајт е подобар и во 10-тата рунда, но крајот на 11-тата го дочека на јажињата и на работ на нокаут.

Паркер во последните три минути тргнува на се или ништо и со десен директ на 30 секунди пред крајот го соборува Вајт. Боди Снетчер успева да се подигне и да го држи противникот до истекот на времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО