Пакијао сака реванш меч со Џеф Хорн

 

Мани Пакијао не се повлекува од спортот, затоа што веројатно ќе има реванш меч со Џеф Хорн. На тоа мислење е и неговиот менаџер Боб Арум.

Пакијао ја загуби титулата во полусредна категорија од Хорн, откако загуби со судиска одлука, која беше доста контроверзна.

Тој дури и го оспори конечниот резултат на средбата, но резултатот не се промени.

„Мани не сака да се пензионира“, рече Арум и додаде: „Тој сака реванш и најверојатно ќе го направиме тоа.

Мани ми кажа дека сака да му се реваншира на Хорн, но мора во предвид да ја земеме и неговата политичка кариера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО