Невиден скандал на Островот: Амир Хан јавно ја обивини жена му дека го изневерува со Ентони Џошуа!

Невиден скандал ја тресе Велика Британија откако поранешниот светски боксерски шампион Амир Кан ги потврди сомнежите дека неговата преубава сопруга Фарјан Махдом имала афера со Ентони Џошуа.

Хан најави разделба со својата сопруга на Твитер, обвинувајќи го Џошуа за ова.

Ѕвездата во тешка категорија негираше дека ја познава сопругата на Кан и објаснува дека му се допаѓаат повеќе раскошни жени. Тој, исто така, сугерираше дека хакерите се инфилтрирале во профилот на Хан и пишувале во негово име.

„Нема никакви хакери. Сè што сте виделе е вистина. Се разделувам се со сопругата и на нејзе и посакувам среќа во животот. Што се случило, се случило, сè што сум напишал е вистина“, рече Хан за Боксинг сцена.

„Јас и мојата сопруга Фарјал се договоривме околу разводот. Сега сум во Дубаи и и посакувам се најдобро. Фарјал многу брзо реши да оди понатаму. Отсекогаш ми зборуваше дека сака да биде со друг тип. Но од сите луѓе со боксер и тоа со Ентони Џошуа? Очигледно одлучила да се качи во тежинската категорија.:) Верувајте ми, јас не сум љубоморен тип. Не мора да ми праќате фотографии од тип за кого зборувам. Тоа е одвратно“, напиша меѓу останатото Кан на Твитер и додаде:

„Поради ова ги напуштив семејството и пријателите? Не сум повреден, но друг боксер? Зошто се решив ова да го кажам јавно. Ќе го добиеш својот развод. Трчаш само по парите. И мушките како Џошуа може да ги добијат само моите отпадоци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО