Гловер Тешеира и Миша Циркунов се среќаваат во октомври

Поранешниот кандидат за титулата во тешка категорија Гловер Тешеира ќе се сретне со Миша Циркунов на УФЦ Фајт најт 119 на 28 октомври.

И двајцата се со порази во последните средби. Тешеира во мај загуби со нокаут во петата рунда од Александар Густафсон, а Циркунов падна за 28 секунди по нокаутот од Волкан Оездемир.

Пред тоа Циркунов имаше четири борби кои ги доби со нокаут и сабмишн, при што имаше големи очекувања од него пред да биде запрен во победоносниот од од Оездемир.

Тешеира имаше променлив резултат во последните четири битки, забележувајќи победи над Рашад Еванс и Џаред Каноњер, но загуби од Густафсон и Ентони Џонсон. Скорот му е 9-4.

УФЦ Најта фајт 119 ќе биде шестото издание на УФЦ кое ќе се одржи во Сао Паоло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО