Пакијао: Нема како Мек Грегор да го удари Мејведер

Мани Пакијао изјави дека нема да ја гледа борбата меѓу Конор Мек Гргеор и Флојд Мејведер, додавајќи дека дури не е возбуден што ќе се случи оваа пресметка.

Додека непобедливиот боксер во тешка категорија, Тајсон Фјури, го изненади светот на боксот предвидувајќи дека Мек Гргеор ќе го нокаутира Мјевдер за само 35 секунди, Пакијао е на мислењето на повеќето боксери: Мек Грегор нема шанса.

„Мек Грегор нема шанси во оваа битка. Всушност, таа може да е многу досадна“, изјави Пакијао за Јаху спортс.

„Нема начин да успее да пласира пристоен удар на Флојд. Камо да може? Конор нема професионално искуство во боксот“, додаде Пакијао.

Точно е дека борбата може да биде многу досадна, бидејќи повеќето од битките на Мејведер се такви. Тој ги урна противници со тактика, а не со моќни удари или нокаут. Борбата на Пакијао со Мејведер, се разбира, објективно гледано, исто така беше досадна.

Секој разумен бокс фан и експерт смета дека Мек Грегор нема шанса. Тоа сепак нема да го спречи создавањето на огромни приходи, дури и ако квалитетите на борбата страдаат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО