Пакијао го поддржа барањето за преразгледување на резултатот од мечот со Хорн

Мани Пакијао го поддржа барањето на претставниците на Филипинското спортско здружение до Меѓународната боксерска федерација резултатот од мечот со Џеф Хорн да биде преиспитан. Тој се мотивира со зборовите дека не сака бокс „да умира поради неправилните судиски одлуки“.

Пакијао истакна дека го прифаќа поразот во „Битката за Бризбејн“, но го истакна следново: „Како лидер и професионален боксер, должен сум да бранам спортското, вистината и чесноста во очите на гледачите“.

Мани Пакијао загуби во скандалозната крвава битка од Џеф Хорн пред 50.000 гледачи во Бризбејн

Апелот беше упатен до претседателот на Федерацијата, Франциско Валкарсел, а Филипинците инсистираат да назначи комисија која внимателно ќе го прегледа судењето за време на мечот.

https://youtu.be/9huaymgEL6o

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО