Криклија го декласира Ориенга, Маслобоев ја освои ВАКО про титулата (ВИДЕО)

Минатиот викенд во Монте Карло се одржа Фајтинг мастерс.

Украинецот Роман Криклија го декласира Фабрис Ориенга и изнуди од негов агол да ја фрлаат крпата.

Сергеј Маслобојев со прекин против Стефан Суспергуи ја освои ВАКО про титулата во категоријата до 91,4 килограми.

Еди Наит-Слимани стана нов ВАКО про шампион во категоријата до 64,5 килограми со нокаут во втората рунда над Унгарцот Антоан Хабаш. Во битката за ВАКО појасот во категоријата до 88,6 килограми Грегори Гроси на поени го победи Полјакот давид Касперски.

Монте Карло Фајтинг мастерс:
Роман Криклија – Фабрис Ориенга (ТКО, Р2)
Сергеј Маслобојев – Стефан Суспергуи (ТКО, Р4)
Еди Наит-Слимани – Антоан Хабаш (КО, Р2)
Грегори Гроси – Давид Касперски (со одлука на судииите)
Џовани Бруто – Елшад Аласкаров (со одлука на судииите)
Малури Калачникоф – Кјара Винцис (КО, Р1)
Лоик Бекарија – Армандо Кастилјо (со одлука на судииите)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО